
Една недела без социјални мрежи помага во подобар живот и намалување на депресијата, покажало најновото истражување. Истражувањето било спроведено во британскиот Универзитет во Бат. Во истражувањето учествувале 154 луѓе на возраст од 18 до 72 години кои биле поделени во две групи. Едната група користела социјални мрежи, а другата немала никаков пристап до нив.
Учесниците изјавиле дека поминувале во просек по 8 часа неделно на социјалните мрежи, пред истражувањето.
Photo by Sara Kurfeß on Unsplash
Една недела подоцна, учесниците кои биле „надвор“ од социјалниот свет покажале значителни подобрувања во благосостојбата, депресијата и анксиозноста од оние кои продолжиле да ги користат социјалните мрежи.
Нивоата на депресија во оваа група паднало од 7,46 на 4,84 единици на прашалникот за здравјето на учесниците. Анксиозноста паднала од 6,92 на 5,94 единици. Авторот на истражувањето д-р Џеф Ламберт изјавил дека резултатите укажуваат на умерено подобрување на депресијата и благосостојбата и подобрување на анксиозноста.
Колку младите во Македонија користат ,,Фејсбук’’ и ,,Инстаграм’’ ?
„Скролањето на социјалните мрежи е толку активно што многу луѓе го прават тоа од моментот кога ќе се разбудат до кога ќе ги затворат очите навечер“, изјавил д-р Џеф Ламберт, водечки истражувач од Одделот за здравство на Бат.
Резултатите од истражувањето ги поддржуваат претходните истражувања спроведени во САД и Велика Британија со кои се поврзуваат редовната употреба на социјалните медиуми со повисока стапка на депресија и анксиозност. Но, не е утврдено дали користењето на социјалните мрежи доведува до проблеми со менталното здравје, се вели во извештајот.