ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.12.2021
Една третина од светската популација живее живот без интернет
Автор: Goce Author

Секоја наша дневна рутина е користење на интернет, дали преку социјалните мрежи, дали за некое истражување или за образовни цели или пак за работа. Речиси секој од нас кога се буди најпрво го зема телефонот во рака, но тука е и дел од популацијата која го живее животот со друго темпо.

Околу 2,9 милијарди (или 37%) од светското население никогаш не користеле Интернет, а огромното мнозинство живее во земјите во развој.

Овие статистички податоци се дел од новиот извештај што го спроведе Меѓународната телекомуникациска унија на Обединетите нации.

Меѓународната телекомуникациска унија


Прочитајте и: 15% од младите биле жртви на малтретирање преку интернет


Откако започна пандемијата и воведувањето на карантин сите мислевме дека интернетот е спас за исполнување на денот. Во исто време е направена статистика на светско ниво и за порастот на новите глобални интернет конекции, што беше забрзано во периодот на пандемијата.

Според извештајот, бројот на луѓе кои користат Интернет ширум светот се зголемил од 4,1 милијарди во 2019 година на 4,9 милијарди во 2021 година.

Ова зголемување на бројките на корисници на интернет е резултат од зголемената активност во обласна на електронската трговија, учењето од дома и работата од дома.


Прочитајте и: Иднината е 10G


Бројот на глобални корисници на Интернет се зголеми за повеќе од 10%  во 2020 година, што е најголем годишен раст во оваа деценија, се наведува во извештајот.

Сепак, овој раст на користењето на интернет е само дел од приказната. Значителен дел од новите корисници на Интернет за време на пандемијата ретко се поврзуваат онлајн.

Исто така, постои огромна дигитална поделба  што ги дели богатите нации и посиромашните земји во развој. Така, 96% од оние кои сè уште не можат да се поврзат на Интернет спаѓаат во втората категорија.

Иако се намалува бројот на корисници кои воопшто не се поврзани на интернет, сепак постои голема можност за раст на меѓународните технолошки компании. Има голем број технолошки гиганти кои веќе се натпреваруваат да бидат први кои ќе стигнат до последните 3 милијарди корисници.


Прочитајте и: Најважните податоци за вас се на вашиот компјутер – заштитете ги


Во светот, Гугл, Фејсбук и Амазон трошат милијарди долари за градење подводна интернет инфраструктура, за која веруваат дека може да ги зголеми глобалните брзини и пристапот до Интернет.

Извештајот на Обединетите нации покажува дека зголемувањето на глобалниот пристап до Интернет е повеќе прашање на време отколку на можност.
Останува да видиме до наредните пресметки на статистиката за тоа кој ќе преовладува во глобалниот интернет пристап.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање