ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.04.2023
Едно од три млади лица во земјава има депресивни епизоди
Автор: Goce Author

Последно истражување кое се однесува на менталното здравје на младите, покажало дека едно од три млади лица во земјата има депресивни епизоди. Освен тоа, присутни меѓу младите како проблеми се и онлајн злоупотребите и булингот во училиштата.

Фото: Мета.мк

Ова беше истакнато на денешната дебата насловена како „Ментално здравје на младите и социјалните медиуми“ која се одржа на Филозофскиот факултет, на која присуствуваа и дискутираа членови на академската заедница, стручни лица, психолози, психијатри и студенти.

Социјалните мрежи можат да помогнат против депресија и да предизвикаат депресија

Професорката Ана Фрицханд истакна дека денешните млади не можеме да ги одвоиме од социјалните мрежи и дека ова се генерации кои се неспоредливи со сите претходни што ги знаеме.

„За успешно да се користат социјалните мрежи, покрај интелигенција, потребна е и емоционална зрелост. Истражувањата покажуваат дека било каква форма на малтретирање може да има големи последици, дури и тогаш кога младиот човек доаѓа од функционална средина. Тоа што го видовме како искуство од ковид периодот е дека не сите исто реагираат. Инаку има нова социјална мрежа, ‘Лемон8’, со 650 илјади симнувања, а може да ја имаат само корисниците на ‘Епл’. Тоа е комбинација од Тик ток, Инстаграм и Пинтерест. Тоа е апликација која е само неколку недели стара, а ќе расте допрвo. Неприродно е да ги одвојуваме младите од тој свет на технологија кој има придобивки, но за успешно да ги користиме, ни треба зрелост. Кога имаме висока инелигенција, а ниска емоционална зрелост, тогаш имаме проблем, тогаш ни се важни лајковите и тогаш сме неодговорни и незрело се однесуваме“, рече Фрицханд.

Дарко Влогс за борбата со анксиозноста и паничните напади

Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, претставничката на националната канцеларија на Фондот за население на Обединетите нации, истакна дека во тек е изработка на Национална стратегија за млади, која се работи во соработка со неколку институции, меѓу кои и со Агенцијата за млади и спорт, во областите на здравје, образование и култура. Во изработката на овој документ, таа кажа дека темата за менталното здравје на младите е голем приоритет.

Доц. д-р Фросина Денкова Зафировска, лиценциран психолог, семеен советник и менаџер за човечки ресурси во IT Labs, истакна дека како што компаниите можат да го следат однесувањето на своите идни вработени, па потоа врз основа на тоа да одлучат дали сакаат да ангажираат конкретно лице, така и младите треба истото да го прават – да одберат компанија која го нeгува менталното здравје на вработените.

На дебатата беше заклучено дека соодветно на приоритетите, институциите мора заеднички да работат, да се борат и да работат за да се подобри состојбата со менталното здравје на младите.

Извор: Мета.мк

СКОМ 2024 – конгрес на студентите по општа медицина
Приватните специјализанти потсетуваат на своите барања