По повод Меѓународниот ден на младите, Европската комисија на социјалните мрежи ја претстави новата детска едукативна карта на Европа, но нејзиното претставување на Балканот налути многумина.
Имено, на картата е прикажан Стариот континент со одредени специфичности на земјите. Но на местото каде што се Србија, Црна Гора, Б и Х, Албанија и Македонија речиси и да нема ништо. Дугите земји од Европа се преполмни со знаменитости, додека на Балканот само мечки и кучиња!
Креаторите на мапата го зазелениле просторот и додале илустрација на мечка, а не требало многу време за објавата да предизвика многу негативни коментари.
„Во повеќето земји од поранешна Југославија живеат само мечки? Ви благодариме за ништо“, напишал лутиот корисник.
„Значи, во земјите од Западен Балкан живеат само кучиња и мечки. Интересни, вистински европски вредности“, се согласи друг.
(Видео) Новите генерации можат да стават крај на омразата на Балканот?
„Во „Дивиот Западен Балкан“ нема што да се види или најде, освен трева, мечки, кучиња и мост среде дивина“, заклучува трет. Други истакнаа дека „ако не знаете ништо за историјата на тој регион, секогаш постои Википедија“.
Сепак, има и коментари кои се смирувачки. Така, некои велат дека и Швајцарија и Молдавија не се претставени соодветно. Има обид тоа да се појасни со моментот на (не)членство во ЕУ.