ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.10.2021
EK: Најавената дигитализација се оценува како преголем залак со оглед на тоа дека зависи од странски донации

Извештајот на Европската комисија ги потврдува направените реформи во правосудството и укажува дека останува да се осигура нивното спроведување,  поголема потреба од доекипирање на институциите со високо обучен кадар и соодветна опрема.

Земјата е умерено подготвена да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во областа на владеење на правото Поглавје – 23. Генерално постигнат е одреден напредок, и преку зајакнатата судска независност и решавањето на случаи на полициска неказнивост, се вели во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата.

 

Најавената дигитализација се оценува како преголем залак бидејќи досега во најголем дел зависи од странски донации, како и недоволните плати за ангажирање на соодветни ИТ експерти.

Извештајот оценува, дека продолжува имплементацијата на судската стратегија, вклучително Законот за јавно обвинителство, со што се обезбедува одговорност за криминалите што се поврзани со незаконските прислушувања, како и Државната комисија за спречување на корупција, користејќи ги своите засилени овластувања продолжува да дава резултати.

Извештајот на ЕК во делот за судскиот систем на земјата оценува дека е остварен одреден напредок во однос на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се адресираат препораките од Венецијанската комисија и експертската група за системски прашња за владеење на правото.

Во следната година, земјата треба да работи на:

– продолжување на напорите за борба против корупцијата преку зголемување на поддршката за релевантните тела, спроведување на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси и обезбедување јасни насоки за државните институции;

– да се обезбедат соодветни ресурси за Канцеларијата на основниот јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција со цел да се обезбеди ефикасна одговорност за делата што произлегуваат и се поврзани со прислушувањата, како и за нови случаи на корупција од висок профил;

– да продолжи со зголемување на учинокот на пресуди во случаи на корупција на високо ниво, проследено со конфискација на криминални средства, врз основа на позитивните резултати од минатата година.

Извештајот, во делот на институционалната рамка, потсетува дека во 2020 година, Владата назначи вицепремиер одговорен за антикорупција, одржлив развој и човечки ресурси, кој има задача да ги координира антикорупциските политики и институциите вклучени во борбата против корупцијата, како и дека во март 2021 година, усвои акциски план за борба против корупцијата насловен „Акција 21“ со приоритети и мерки поврзани со дигитализацијата, функционирањето на истражните центри, зголемената употреба на Националната платформа за интероперабилност и измените на антикорупциското законодавство.

 

Балканска олимпијада по информатика од 20-26 септември во Охрид
„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање