Европската комисија испрати официјално барање до компанијата „Амазон“ за дополнителни информации за мерките што таа ги презела за усогласување со одредбите и обврските до Законот за дигитални услуги на ЕУ. Поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите на интернет, особено во однос на ширењето на илегални производи и гаранцијата на основните права.
Брисел, 15 ноември 2023 – Европската комисија испрати официјално барање до компанијата „Амазон“ за дополнителни информации за мерките што таа ги презела за усогласување со одредбите и обврските до Законот за дигитални услуги на ЕУ, поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите на интернет, особено во однос на ширењето на илегални производи и гаранцијата на основните права.
Амазон мора да ги достави бараните информации до Еврокомисијата најдоцна до 6 декември 2023, по што таа врз основа на проценка на одговорите ќе донесе одлука за следните чекори, кои би можеле да вклучат формално отворање постапка за неусогласеност со Законот за дигитални услуги.
Согласно законот, Комисијата може да изрече казни за дадени неточни, нецелосни или погрешни информации на барањето, а во случај да не добие одговор од страна на „Амазон“ до крајниот рок може да одреди санкции.
„Амазон“ заедно со уште 18 други социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за онлајн трговија, согласно Законот за дигитални услуги беше прогласен за „многу голема онлајн платформа“.