ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.07.2024
Еко свест ќе ослободи 70 километри речен тек
Автор: Goce Author

Еко свест, Центар за истражување и информирање за животна средина започнува проект за отстранување на бариери во речните корита на Пчиња и Крива река.

Идентификација на непотребните бариери на реките Крива Река и Пчиња и нивно отстранување треба да доведат до подобрување на еколошката состојба на реката и безбедноста на локалните заедници и да послужат како прв пример за обновување на една река кој треба да се преслика низ државата.

Во првата фаза на проектот, Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ изработи научна студија за реката Пчиња „Креирање на методологија и идентификација на приоритетни бариери за отстранување“, која содржи социо-економска и правна анализа, како и детални биолошки истражувања за рибите, инвертебратите и водните макрофити.

Во втората фаза на проектот, продложува соработката со релевантните институции заради обезбедување на потребните документи за отстранување на идентификуваните бариери. За отстранувањето ќе биде ангажирана градежна компанија која ќе изработи основен проект, додека пак за запазување на еколошките и социо-економските аспекти ќе биде ангажиран тим на експерти за седиментација, рибна фауна и животна средина, кои ќе извршат соодветни анализи и истражувања.

Еко свест работи на проектот „Повторно поврзување на реките“

Со отстранувањето на потенцијалните каскади на Крива река и Пчиња ќе се создаде слободен тек од 77 километри. Дополнително, во процесот ќе бидат вклучени и локалните заедници, а за комуникација со граѓаните на локално ниво ќе биде спроведена и јавна кампања.

Кои се најзелените европски земји?

„Овој проект не само што цели да ја подобри еколошката состојба на реката, туку и да ја засили вклученоста и ангажираноста на локалните заедници во оваа важна иницијатива. Веруваме дека со заеднички напори ќе ги оствариме поставените цели за одржливо управување со водните ресурси и заштита на природата“, изјави Ѓорѓи Митревски, раководител на програмата води во Еко-свест.

Во реката Пчиња има дури три ендемски видови на риби, поради што таа ужива посебен заштитен статус во Република Србија.   Свесноста за потребата да се заштити реката е на видно ниво и кај нас. Минатата година жителите на скопско Коњари изразија загриженост за уништувањето на речното корито на Пчиња и побараа нејзина заштита.

Активноста е дел од проектот „Повторно поврзување на реките во Северна Македонија“со поддршка на Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на обновувањето на реките.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите