ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.05.2022
Економист: Дали не чека уште еден голем пад на економијата?
Автор: Goce Author

Пред две години, кога светот се соочуваше со пандемијата на Корона вирусот, светот го доживеа најголемиот пад на економијата после Втората светска војна. Денес, кога светот се соочува со нова криза, дали е можен уште една голема рецесија?

Светот се повеќе е загрижен за можноста од рецесија. Војната во Украина предизвика цената на храната и енергенсите да порасне до неподносливи граници. Централните банки низ целиот свет ги зголемуваат каматните стапки со цела да ја ублажат инфлацијата.

Во изминатите месеци светските берзи паднаа за близу 10 отсто. Цените на криптовалутите доживуваат вртоглав пад. Економистите постојано ги намалуваат своите прогнози и стануваат се по песимистични.

Се намали довербата во системите

Се гледа умерен до засилен песимизам кај сите потрошувачи. Голем дел од граѓаните самостојно купуваат производи и прават залихи. Делумно од многуте информации кои ги има низ медиумите, но делумно и од реалната рецесија која ја чувствуваат на свој грб.

Според анализите на ОЕЦД довербата на потрошувачите паднала повеќе сега отколку во текот на пандемијата. Голем дел од нив немаат доверба во тоа да купуваат трајни добра. Ако потрошувачите се воздржуваат од купување, логично е дека економијата ќе забави.

Економиите на двете земји погодени од војната, Русија и Украина значително забавија исто така.

Податоците покажуваат дека индустриското производство паднало за 2,8 отсто во април во однос на истиот период лани, а малопродажбата паднала за преку 11 отсто.

Криминал наместо кариера: Што ги носи младите во Македонија на погрешната страна на законот?
Правната клиника во Штип: Бесплатна правна помош за граѓаните и можност за студентите да учат преку пракса