
Долги години најзначајни економски партнери на Република Северна Македонија се неколку земји на кои оди најголем дел од трговската размена. Огромен дел од нашиот увоз и извоз оди со Германија и со Велика Британија.

Фото: Википедија
Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари – декември 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со:
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува близу 7 милијарди евра и бележи пораст од 19.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увозот изнесува близу 10 милијарди евра што е за 26.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Дефицитот изнесува близу 3 милијарди евра.