ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.08.2022
Електричните автомобили со вртоглав раст на цените
Автор: Goce Author

Електричните автомобили во последниот период бележат вртоглав раст на цените – зголемувањето достигнува до суми за кои досега можеше да се купи и квалитетен половен автомобил.

Photo by Bob Osias on Unsplash

Зголемувањето на цените е често на ниво на сума за која до неодамна можевме да купиме солидна користена кола.

8.520 евра, 6.430 евра, 2.600 евра: ова не се цени на половни автомобили, туку означени износи за најпопуларните електрични автомобили во Германија, Tesla Model 3, Fiat 500e и Volkswagen ID.3. И тоа не е најлошото, бидејќи Ford Mustang Mach-E поскапе за неверојатни 9.000 евра за само една година, пишува Index.hr.

Ова се податоците на тамошниот Центар за истражување на автомобилската индустрија (CAR). Тие го потврдуваат драстичното зголемување на цените на германскиот пазар. Прегледот на 15-те најпопуларни електрични автомобили открива неверојатна бројка – автомобилите поскапеле за 14,5 отсто или во просек за 5.385 евра.

Во исто време, поскапувањето влијаеше на се, од нискобуџетни брендови до премиум како Audi. Поскапеа и „Фосилите“, но сепак нешто помалку. Просечното зголемување на цената на моделите со погон на фосилни горива е 12,5% или 3530 евра.

Вака изгледа автомобил дизајниран од вештачката интелигенција

Како што објави германски Handelsblatt, само производството на батерии ќе скокне за 22 отсто во наредните години поради зголемувањето на цените на суровините. А пред неколку години се предвидуваше драстичен пад на цените и зголемување на конкурентноста на електричните погони.

Во CAR се на став дека поради зголемување на трошоци за репроматеријали, разликата во цените уште повеќе ќе се зголеми. Пред сè, поради повисоките трошоци за набавка на полупроводници и суровини, кои се попотребни за електричните автомобили. И сето ова може да ја забави електрификацијата.

ТикТок предизвик повторно опасност за младите
Путин нареди Русија да си прави сопствен „Евросонг“