Минатата година, ко-основачот на ,,WhatsApp’’ и поранешен вработен во ,,Facebook’’, Брајан Актон, отиде на Твитер за да ги охрабри луѓето да го избришат својот Фејсбук профил (#DeleteFacebook).
Илон Маск е исто против социјалните мрежи. Тој предлага да го избришете вашиот Фејсбук и Инстаграм и наместо тоа да ја искористите алтернативата.
Извршниот директор Марк Закерберг во минатото ги нарече ставовите на Маск за вештачката интелигенција како „прилично неодговорни“. Па можеби му дојде времето на неговиот „пријател“ да му врати. Заклучивме од препукувањето дека Маск и Цукерберг навистина не се најдобри пријатели. Во 2017 година, Маск рече дека разбирањето на Закерберг за иднината на вештачката интелигенција е прилично „ограничено“. Во февруари оваа година, извршниот директор на Тесла го нарече Фејсбук „куц“ и твитна #DeleteFacebook.
Маск рече дека вештачката интелигенција ќе биде многу попаметна од луѓето, ставајќи ги луѓето во незавидна положба.
Мислам дека луѓето генерално ја потценуваат способноста на вештачката интелигенција, тие некако мислат дека тоа е паметен човек, но ќе биде многу повеќе од тоа. Ќе биде многу попаметно од најпаметниот човек. Сето ова е фундаментален ризик за постоењето на човечката цивилизација и мислам дека луѓето треба навистина да бидат загрижени поради тоа’’ – истакна Маск.
Луѓето на социјалните мрежи изгледаат како да имаат совршен живот, додека во реалноста се најтажните луѓе. Додека ги гледаме сите тие слики направени во прекрасно светло, со совршен кадар и изледаат сите среќни и задоволни од животот, многумина си помислуваат како сопствениот живот не им изгледа така убав и среќен, а тоа ги прави тажни. Погледнете го видеото со Елон Маск.