
Еразмус е програма за академска размена која започнала во 1987 година и која денес нуди незаборавно искуство.
УГД Штип неколку години успешно ја реализира Еразмус програмата со европските партнер универзитети.Централен дел на оваа програма е размена на студенти и вработени на УГД Штип помеѓу универзитетите. Во зависност од договорот, студиската размена може да се реализира во период од шест или дванаесет месеци.
Неодамна УГД Штип беше домаќин на дваесет студенти од петнаесет универзитети :
Наставата и за нив ќе се изведува на хибриден начин.
Програмата за студентска мобилност и мобилност на вработените нуди можност за незаборавно искуство,стекнување на нови пријателства , како и запознавање со различна култура и традиција.
Средбата со Абдулбаки Дурсун ми беше многу пријатна и непосредна.Тој беше љубезен и се согласи да подготвам кратко интервју со него.
– Јас доаѓам од Турција, студирам англиски јазик на Универзитет ,,Mus Alparslan“. Сакам да бидам професор по англиски јазик и да добијам лиценци што ќе ги користам за приватни часови, но и да заминам во странство.
– Всушност јас не барав совршено место.Македонија ми се виде најдобра и не толку поразлична од Турција / освен културата на исхрана и социјалните активности во Штип /. Ова ми е прв пат да бидам надвор од мојата држава и една неверојатна авантура за мене.Овде запознав многу луѓе, студенти од Еразмус програмата од други држави и неколку македонски пријатели. Планираме да организираме патување низ Македонија пред да ни завршат активностите на факултетот.Тоа ќе биде одлична можност за сите нас.Навистина сум благодарен на целиот тим за реализирање на Еразмус програмата и за избор на балканска земја
– Штип навистина не нуди многу можности за студент, но сепак со пријателите секаде е забавно. Се трудам да бидам позитивен, но вистина е дека главно остануваме дома, планирајќи го нашето следно патување, затоа што веќе завршивме се што можеше да се направи во Штип. Што се однесува до граѓаните, тука има голем број на Турци.Тоа беше шокантно за мене, бидејќи јас мислев дека овде би зборувал повеќе анлиски јазик отколку во Турција, но навистина е обратно. Би бил среќен ако некои локални жители/ сопственици на продавници и возачи /знаат англиски јазик.. некои знаат турски..што е добро. Но, во рестораните, баровите и маркетите понекогаш ни претставува проблем.