ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.09.2022
Етериум повеќе нема да се создава со „копање“: Дали ова е крај на доминацијата на Биткоин?
Автор: Goce Author

Ова е историски ден за Етериум, втората по големина криптовалута во светот, со официјалното завршување на процесот на спојување, кој се најавуваше со години, преминувајќи од енергетски интензивниот метод на копање на далеку поефикасен модел.

Надградбата на софтверот, позната како „Спојување“, ќе го промени начинот на кој се управуваат трансакциите на блокчејнот ethereum најпопуларната криптовалута во светот по биткоинот. Виталик Бутерин, изумителот на етереум, во четвртокот наутро на Твитер го објави комплетирањето на планот.

Photo by Kanchanara on Unsplash

Ethereum 2.0, втората фаза од животот на оваа криптовалута и нејзиниот блокчејн, значи дека ETH повеќе нема да се „копа“ со помош на графички картички, туку трансакциите ќе се потврдуваат со помош на „proof of stake“. Едноставно нема да има потреба од „класично“ рударство за „proof of work“. Транзицијата беше официјално завршена во четврток на 15 септември, пренесува bug.hr.

Криптовалути со најголеми изгледи да се пробијат

Ископувањето на Ethereum трошеше струја колку и Австрија, според веб-страницата Digiconomist, 72 терават-часови годишно. Алекс де Врис, економистот кој стои зад веб-страницата, проценува дека промената ќе ги намали емисиите на јаглерод поврзани со етереум за повеќе од 99 проценти.

Де Вриј додаде дека овој потег би можел да претставува 0,2 отсто од глобалната потрошувачка на електрична енергија што исчезнува преку ноќ.

„Сите очи ќе бидат вперени во биткоинот. Тој сè уште е најголемиот загадувач во крипто просторот. Дури и денес, биткоинот е одговорен за потрошувачката на електрична енергија исто како и Шведска. И знаеме дека тоа нема да се промени“, рече Де Врис.

Ethereum порасна за 2 отсто на 1.630 долари по потегот, според веб-страницата coinmarketcap, вреднувајќи ја валутата на нешто помалку од 200 милијарди долари

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање