ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.09.2022
ЕУ и марихуаната – Кои земји се толерантни, а во кои канабисот е забранет?
Автор: Goce Author

Претставници на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) се собраа неодамна во Прага да разговараат за политиката кон марихуаната. Ставовите на земјите од Унијата се многу разнолични.

Полска на пример има строга политика на сузбивање на сите видови наркотици. Поседувањето, одгледувањето и консумирањето марихуана е кривично дело. Има голем број граѓани во Полска кои реагираат, меѓу кои и политичари на Левица и Граѓанска платформа, бараат либерализација на законот. Од друга страна, има и такви како Јануш Ковалски од десничарската партија Солидарна полска, кои бараат уште построги закони.

Photo by Jeff W on Unsplash

Статистика: Цигарите се заменуваат со марихуана?

Сосема поинаку е во Холандија, Естонија, Чешка, Португалија и Шпанија. Кој сака таму да купува и конзумира марихуана, може да биде сигурен дека нема да биде кривично гонет. Во Холандија, продажбата на канабис во таканаречените кафулиња сè уште беше дозволена во 1970-тите. Сепак, тоа никогаш не беше целосно регулирано, па се појавија проблеми – нелегалните дилери на дрога ја искористија можноста да тргуваат со кокаин.

Португалија како пример

Добар пример за декриминализација на употребата на канабис е всушност Португалија. Од 2001 година, пушењето џоинт не е казниво, па дури и користењето дрога. Количината е точно одредена. Кој ќе биде фатен со десет дневни дози од по 2,5 грама марихуана – само плаќа казна, но не добива кривична пријава.

Сведоштва на млади нарко зависници

Португалија инвестира во сузбивање на зависноста од дрога, земјата формираше комисии составени од адвокати, социјални работници и психолози, се водат дискусии со ранливите луѓе за нивната потрошувачка на дрога.

Пазарот на канабис станува покомплексен

Белгија е една од земјите кои им прогледуваат низ прсти кога станува збор за консумирањето канабис. Секој што ќе биде фатен со мала количина канабис за лична употреба – до три грама – или кој одгледува едно растение, ризикува да му биде одземен и казна од 25 евра.

Во Белгија, но и во други земји процвета концептот на „Cannabis Social Clubs“ – социјални, некомерцијални клубови кои овозможуваат заедничко садење и одгледување на коноп во хали. Растенијата се користат за медицински цели, но и како лесни дроги Секој член има право само на едно растение.

Нов Зеланд ќе го забрани пушењето – граѓаните се и против употребата на канабис

Либерална слика, строга политика

И покрај својот прогресивен имиџ, Шведска е целосно нетолерантна на наркотици. Поседувањето и најмало количество канабис е кривично дело. Според извештајот од 2014 година, употребата на канабис во Шведска е пораспространета отколку во Португалија, каде што беше декриминализиран уште во 2001 година.

Други истражувања покажуваат дека потрошувачката на канабис исто така се зголемува во Шведска, но таа е помала отколку во другите европски земји. Според статистичките податоци на шведските здравствени институции, минатата година 2,6 отсто од граѓаните на возраст меѓу 16 и 84 години изјавиле дека консумирале канабис во изминатите 12 месеци.

Познавачите на состојбите во Италија очекуваат дека по изборите во септември прилично прогресивната политика кон консумацијата на канабис ќе забележи назадување. Мора да се признае дека во програмите на десничарските партии како Северната лига или Браќата на Италија нема конкретни индиции кои би укажале на порестриктивна политика доколку победат, туку лидерот на Северната лига, Матео Салвини и жената на чело на Браќата од Италија Џорџо Мелони веќе најавија дека ќе излезат на барикадите ако на дневен ред е целосна легализација на канабисот.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?