Вештачката интелигенција несомнено е бран кој нема да запре, а нејзиниот напредок и секојдневното имплементирање во сите сфери на животот станува покомплицирано. Европската Унија од почетокот на инкорпорирањето на вештачката интелигенција, активно работи во делот на нејзино проучување и регулирање.
Новиот закон за регулација ќе стапи на сила од први август, 20 дена по неговото објавување. Иако е предвидено сите одредби да бидат целосно применливи за две години, некои од нив ќе бидат имплементирани многу порано.
Првичниот план за следните шест месеци е да започне применувањето на забрани за недозволена употреба на вештачката интелигенција. Тоа вклучува употреба на систем за социјаlно бодирање, моделиран на кинеската социјална оцена на соодветност, собирање и компилација на информации за препознавање лица и употреба на системи за препознавање емоции во реално време во училиштата и на работните места, објави Буг.хр.
По девет месеци од неговото стапување во сила, ЕУ ќе започне со примена на кодекс на практика за развивачите на вештачка интелигенција. Канцеларијата за вештачка интелигенција на Европската комисија ќе соработува со консултантски компании за развојот на овие кодови. Сепак, тоа предизвикува загриженост дека најголемите играчи во индустријата ќе можат да ги обликуваат правилата што треба да ги држат под контрола.
Иноваторите на вештачката интелигенција, според новиот закон како ќе мора да се усогласат со новите барања за транспарентност и да покажат дека нивните системи се безбедни и лесно објаснети на корисниците. Покрај тoa, Законот за вештачка интелигенција вклучува правила поврзани со генеративната вештачка интелигенција и манипулираните медиуми, како што се јасно означување на дипфејк и други слики, видеа и звуци генерирани со вештачка интелигенција.
Покрај ова, споменати се и авторските права, односно начинот како истите се имплементираат од компаниите. Обуката за нивно користење преку моделите на вештачка интелигенција со новите законски регулативи ќе обезбеди поголемо почитување, но само ако нивниот модел е создаден исклучиво за истражувачки цели.
Во законот децидно се наведува дека „Носителите на правата можат да ги задржат своите права врз своите дела или други предмети за да го спречат ископувањето текст и податоци, освен ако тоа не е направено заради научно истражување“.
Извор: Мета.мк