ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.10.2023
ЕУ земјите воведуваат „визи“ – ова се најважните информации за ЕТИАС системот

Од 1-ви јануари 2024 година луѓето од повеќе од 60 земји, кои досега беа без визи, ќе треба да добијат одобрение за патување пред да дојдат во Европа на краток престој. Овластувањето ќе се обработува преку Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS).

Целта на ETIAS е дополнително да ја зајакне внатрешната безбедност на Европа со спроведување на прегледи пред патување на патниците без визи за да се утврди дали тие претставуваат закана за безбедноста, илегална имиграција или ризик за јавното здравје.

Како да се аплицира за ЕТИАС?

Можете да го пополните формуларот за апликација користејќи ја официјалната веб-страница на ETIAS или мобилната апликација ETIAS. Аплицирањето за одобрение за патување ETIAS чини 7 евра, иако некои патници се ослободени од плаќање на оваа такса. Откако ќе аплицирате и ќе добиете ЕТИАС виза, таа ќе ви важи 3 години или до истекувањето на вашиот пасош. Ако го смените пасошот, ќе мора да извадите нова ЕТИАС виза. Иако визата важи 3 години, таа нема да ви гарантира влез во земјите на ЕУ. На граница сепак ќе ги имате редовните проверки како и до сега, и правото некој да не ве дозволи влез од оправдани причини се уште стои. Аплицирањето за ЕТИАС се уште не е започнато.

За колку време се добива ЕТИАС од моментот на апликација?

Најголем дел од апликациите се обработуваат за неколку минути.

Сепак, можно е вашата апликација да потрае подолго за да се обработи. Ако е така, ќе добиете известување во рок од четири дена. Од ЕТИАС потенцираат дека овој период може да се продолжи до 14 дена доколку се бара од вас да обезбедите дополнителни информации или документација или до 30 дена ако сте поканети на интервју. Ова е причината зошто треба да аплицирате за овластување за патување ETIAS многу пред вашето планирано патување.

Ова се земјите кои ќе бараат ЕТИАС виза:

Престојот во овој земји е ист како и до сега. Македонските граѓани ќе можат да присуствуаат 90 дена во рок од 180 дена.

Ова се земјите на кои им е потребна ЕТИАС виза:

Сите детални информации ги имате на веб порталот на ЕТИАС – https://travel-europe.europa.eu/etias_en . Контролата ќе ја има ФРОНТЕКС кои, според официјалниот сајт, ќе бидат на располагање 24 часа за евентуални проблеми со овој нов режим.

Брак со вештачка интелигенција?!
Брачно финансиска писменост – или пари се отепувачка