
Започна јавниот повик за студентски електронски ваучери преку Националниот портал за е-услуги. Министерството за дигитална трансформација објави дека сите студенти од денеска може да аплицираат за вредносен ваучер за набавка на електронски уред.
Крајниот рок за пријавување е 20 декември 2025, а уредите може да се подигнат најдоцна до 31 декември 2025.
Најави се на 👉 uslugi.gov.mk
Аплицирај за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“.
Не се прикачуваат документи.
Системот автоматски ти генерира Вредносен ваучер.
Со ваучерот, лична карта и потпишана изјава за искористување (во продажен салон), го подигаш уредот кај избраниот економски оператор.
Ако системот утврди дека не те препознава во базата на МОН, ќе добиеш автоматско известување и линк до посебната услуга:
„Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“.
Во овој случај треба да прикачиш:
Потврда за редовен или вонреден студент издадена од твојата високообразовна установа.
По комплетирање на апликацијата, системот исто така ти издава Вредносен ваучер, со кој можеш да го подигнеш уредот.
Информации и детали имате и на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5980
Министерството за дигитална трансформација ги повикува сите студенти да аплицираат навреме и да ја искористат оваа можност за подобрување на својата дигитална опрема.