ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.02.2022
Европа ги укинува мерките – се гледа ли крајот на пандемијата?
Автор: Goce Author

Расте оптимизмот во Европа и се гледа крајот на пандемијата. Се поголем број држави ги укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки. Но експертите повикуваат на внимателност.

Повеќе од две години, пандемијата во Европа и во остатокот на светот, ја предизвика најголемата економска и здравствена криза во модерно време. Појавата на сојот Омикрон на Корона вирусот кон крајот на минатата година даде сигнал дека е можно да заврши пандемијата.

По заразен, но помалку опасен вирус е нешто што се очекуваше со развојот на пандемијата. Ако се следи моменталната ситуација тие претпоставки се остваруваат.

Бројот на заразени во светот е огромен, но бројот на хоспитализирани не е толку голем, а се намалува и бројот на починати. Тоа е случај првенствено во државите во кои мнозинството на луѓето се вакцинирани и ја прележале болеста.

Јапонска компанија тврди дека Ивермектин е успешен против Ковид

Следствено на тоа многу држави одлучија укинување на речиси сите епидемиолошки мерки. Вакви одлуки досега донесоа Велика Британија, Франција, Данска, Норвешка и Шведска.

Многу експерти посочуваат дека со корона вирусот ќе се живее како и со сите други вируси во светот. Оптимизмот расте и поради тоа што голем број фармацевтски компании веќе пронајдоа таблети против вирусот.

Експертите посочуваат дека треба да се биде многу внимателен. Тие потенцираат дека Омикрон сепак предизвикува смртни случаи, но драстично помалку. Падот на хоспиталзиациите и смртните исходи се должи и на големиот број вакцинации и големиот број прележани.

Сепак панедмијата покажа дека вакцинацијата е единствениот излез од кризата.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање