Регулатива на Европската Унија која треба да почне со имплементација во 2026 година бара од сите нови паметни телефони, таблети и лаптопи да користат заеднички полнач
Европската унија во вторникот го постигна овој договор со кој сите нови паметни телефони, таблети и лаптопи ќе бараат да користат заеднички полнач до 2026 година.
Оваа полиса е обид да се одговори на добро познатата фрустрација на потрошувачите поради тоа што имаат фиока полна со полначи – некои за уредите на Apple, други за преносни звучници или рачни системи за игри.
Од друга страна пак, тоа носи невообичаено ниво на вклученост на владиниот регулатор во одлуките за дизајн на производи. Креаторите на политиката рекоа дека овој потег ќе го намали електронскиот отпад. Но, се спротивставија компании, вклучително и Apple, кои рекоа дека ќе го спречи развојот на нови технологии за полнење. Според регулативата, посебно Тело за европски стандарди ќе биде задолжено да ги разгледа идните дизајни на полначи за сите уреди.
До 2024 година, на сите нови мобилни телефони, таблети, дигитални камери, рачни уреди за видео игри, слушалки, преносни звучници, тастатури, глувчиња, слушалки и други преносни уреди ќе им требаат порти за полнење USB-C, објави Европската комисија. До 2026 година истото ќе важи за лаптопите.
Од компаниите ќе се бара и да продаваат уреди без полнач. Со тоа ќе се намали бројот на полначи во оптек. Бидејќи според статистика на ЕУ фрлените и неискористени полначи произведуваат 11.000 тони отпад секоја година. „Заеднички полнач е здрав разум за многуте електронски уреди во нашиот секојдневен живот“, рече Тиери Бретон, европски комесар кој помогна во преговорите за договорот.
Секој потег на технолошките компании да се усогласат со законот може да има пошироки импликации. Бидејќи откако Европа ја усвои Општата регулатива за заштита на податоците, закон за приватност што стапи на сила во 2018 година, многу компании го применија стандардот на нивните производи на глобално ниво. Другите нации, исто така, често го следат водството на Европа во технолошките закони. Што значи и ова потенцијално ќе резултира со слични закони на други места.
Извор: https://www.nytimes.com/2022/06/07/technology/eu-tablets-phones-usbc-chargers.html?smtyp=cur&smid=fb-nytimes&fbclid=IwAR195ICq5wVJ7HIX8_LfBtbqb4wRXZhNNj_XrstGT4XbhOdJSH7jMcf7ALU