ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.10.2023
Европа старее – во 2024 повеќе стари над 65 од млади до 15
Автор: Goce Author

Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава возраст.

– Се проценува дека следната година популацијата на лица постари од 65 години ќе биде побројна од оние до 15 години во европскиот регион на СЗО, објави организацијата.

Photo by JW. on Unsplash

На глобално ниво, таква ситуација веројатно ќе се случи околу 2064 година, според проекциите на институтот „Нашиот свет во податоци“.

– Овој тренд упатува на нови социјални, економски и епидемиолошки предизвици, додаде СЗО.  Еввропскиот регион собира 53 земји, од кои некои се наоѓаат и во Централна Азија.

Низ Европа, продолжениот животен век често оди рака под рака со нарушено здравје.

За да се ублажи влијанието на стареењето на населението, СЗО ги повикува властите да преземат мерки за „да им овозможат на постарите луѓе да го задржат и подобрат своето физичко и ментално здравје, независност, социјална благосостојба и квалитет на живот“.

Осум милијарди жители на планетата: добра или лоша вест?

Меѓу препорачаните мерки се издвојуваат урамнотежена исхрана и физичка активност од најмалку 150 минути неделно.

Дури и поинтензивната физичка активност може да го намали ризикот од смртност од сите причини за 35 проценти, истакна СЗО.

Генерацијата Z сака чисти сметки при вработување
Човековиот животен век не се зголемува од 2011