
Програмата за практиканство „Сина книга“, е петмесечна платена практикантска работа што ја нуди Европската комисија, a која им обезбедува на дипломирани студенти од целиот свет, да стекнат практично искуство во креирањето политики и администрацијата на ЕУ. Неодамна беше објавен повик за оваа можност.

Photo by Guillaume Périgois on Unsplash
„Дали некогаш сте се запрашале како е да се работи за ЕУ? Аплицирајте за пракса од „Сината книга“ и ќе добиете петмесечна платена пракса, почнувајќи од март 2026 година. Аплицирајте со која било диплома, изградете вештини, пријателства и иднина. Рокот за аплицирање е 29 август“, пишува во објавата на „Х“.
На практикантите им се овозможува да работат во мултикултурна средина, да развиваат професионални вештини и да стекнуваат увид во работењето на институциите на ЕУ.