ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.07.2025
Европската комисија објави повик за платено практикантство, може да се аплицира со која било диплома
Автор: Goce Author

Програмата за практиканство „Сина книга“, е петмесечна платена практикантска работа што ја нуди Европската комисија, a која им обезбедува на дипломирани студенти од целиот свет, да стекнат практично искуство во креирањето политики и администрацијата на ЕУ. Неодамна беше објавен повик за оваа можност.

„Дали некогаш сте се запрашале како е да се работи за ЕУ? Аплицирајте за пракса од „Сината книга“ и ќе добиете петмесечна платена пракса, почнувајќи од март 2026 година. Аплицирајте со која било диплома, изградете вештини, пријателства и иднина. Рокот за аплицирање е 29 август“, пишува во објавата на „Х“.

На практикантите им се овозможува да работат во мултикултурна средина, да развиваат професионални вештини и да стекнуваат увид во работењето на институциите на ЕУ.

Сакаш еден ден да бидеш амбасадорка? Еве ти шанса од Британската амбасада во Скопје
Еве како да аплицирате за студентските ваучери за електронски уреди