ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.11.2025
Европскептицизмот доминира кај младите во Македонија
Автор: Goce Author

Евроскептицизмот е присутен кај речиси половина од младите во Македонија, покажува истражување на ИДУЕП, Фридрих Науман и ЕЦЕ Брисел.

Речиси половина од испитаниците (46,5) проценти не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на ЕУ, додека 35,8 отсто веруваат дека членството е можно, но во подалечна иднина. Само 6,7 проценти веруваат дека земјата ќе може да стане членка на ЕУ во текот на следните пет години, додека 11 отсто не знаат или немаат мислење за ова прашање.

 

Фото: МИА

 

Публикацијата  „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија“ изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Фондацијата „Фридрих Науман“ и Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел), беше промовирана во Собранието на РСМ.

Корупцијата е препознаена како најголема пречка за ЕУ-интеграцијата и ја посочиле 84,6 проценти од младите испитаници. По неа, со 61 отсто следуваат „билатералните спорови“ и со 60 проценти „ниската доверба во институциите“. –

Овие податоци јасно укажуваат дека младите ја препознаваат домашната политичка состојба како главен фактор што го попречува напредокот, но истовремено очекуваат конкретни мерки од националните институции за борба против корупцијата како основа за подобар квалитет на живот и задржување на младите во земјата, се вели во публикацијата.

Евроскептицизмот најмногу е последица на корупцијата, како најголема пречка за ЕУ интеграциите

Приближно 60 отсто од испитаниците оцениле дека членството на земјата во ЕУ нема да ја намали емиграцијата на младите луѓе.

Коавторот на публикацијата и директор на Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел), Бојан Кордалов нагласи дека младите се за ЕУ, меѓутоа се повеќе ја губат надежта дека во брзо време Македонија ќе стане земја членка на Унијата.

Чуму ни е ЕУ, ако не нема

– Она што сакаме и се надеваме дека ќе произлезе како резултат од тука е да се разговара кои се начините и кои се мерките со коишто треба да се пристапи со цел младите да имаат повеќе фокус во целата приказна, особено во европската агенда, бидејќи станува јасно дека всушност младите се за ЕУ меѓутоа се повеќе ја губат надежта дека во брзо време Македонија ќе стане земја членка на Унијата. И тоа е нешто на коешто мораме да работиме заедно да го промениме, бидејќи не станува збор само за статус како членство, туку станува збор пред се за придобивки што младите веќе ги користат преку различните Еразмус програми, различните можности за работа во текот на летните месеци, пракса, студирање итн, рече тој.

Во публикацијата, како што потенцира, фокусот главно е ставен на она што тие го бараат како млади луѓе – борбата против корупцијата што е најдобар  начин како повторно да се врати во институции, а со самото тоа и довербата на европскиот пат.

Државата треба да презема мерки за намалување на евроскептицизмот

Координаторката на Клубот за младински прашања и политики при Собранието, пратеничката Драгана Бојковска нагласи дека како парламентарно мнозинство и како Влада ќе дадат поддршка на сето она што значи намалување на ЕУ скептицизмот кај младите.

-Она што е констатирано во публикацијата можам да кажам дека и покрај големите неправди кои и се направени на Македонија по однос на процесот за влез во Европската Унија, сепак најголем дел од младите и најголемите поддржувачи за влез во ЕУ се токму оваа категорија на луѓе, токму младите. Нотирано е дека како причина за тоа каде го гледаат проблемот за влезот во ЕУ, се  и билатералниот спор, што го имаме со Република Бугарија, но исто така и борбата со корупцијата, за која што како млади луѓе се надеваме дека ќе имаме еден значителен прогрес особено кога се работи од аспекти на доверба на судството – рече таа.

Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, пад од 20 отсто на перцепцијата за влијанието на САД во споредба со лани

Бојковска информира дека веќе е отпочнат и процесот и разговорите во Министерството за образование и наука за користење на вештачката интелигенција во рамки на образованието и подигнување на писменоста.

-Што значи дека на крај можам да кажам дека значително е да се говори да се даваат препораки по однос на намалување на ЕУ скептицизмот кај младите луѓе во Република Македонија. Токму еден ваков вид на соработка со нашите партнери мислам дека ќе направи исто така еден голем прогрес.

Освен кампањи, Бојковска нагласи дека ќе се инвестира во образованието за да има млади квалитетни кадри кои ќе бидат конкуретни на пазарот на трудот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?