ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.01.2026
Европски квиз на пари – повик за основци и средношколци
Автор: Goce Author

Европски квиз на пари – едукативен проект на Европската банкарска федерација ќе се одржи и оваа година, за ученици од средноите и основните училишта.

До 23 февруари трае пријавувањето на учениците од основните и средните училишта кои се заинтересирани за учество на годинешниот меѓународен натпревар – Европски квиз на пари. Јавниот повик го објави Македонската банкарска асоцијација, која овој едукативен проект на Европската банкарска федерација го спроведува во соработка со Народната банка и со Комисијата за хартии од вредност.

Квизот со цел финансиска едукација на учениците ги опфаќа младите на возраст од 13 до 15 години. Се одвива во две фази: првата фаза се националните натпревари во секоја земја; втората фаза е европското финале, во кое учествуваат победниците на националните натпревари.

Кај нас националниот натпревар ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите, од 16 до 22 март (на македонски и на албански јазик), во два круга. Првиот е селективен за избор на најдобрите тимови на онлајн натпреварите, кои потоа во втор круг ќе се натпреваруваат за титулата „национален шампион“ во просториите на Македонската банкарска асоцијација.

Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува Македонија на европското финале што ќе се одржи на 18 и 19 мај 2026 година во Брисел, Кралството Белгија. Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик. Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата што ќе освојат прво, второ и трето место.

Младите сакаат едукација за финансиската писменост

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации

за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: mba.mk и efb.eu.

Се повикуваат заинтересираните основни и средни училишта да пријават одделенија/класови или тимови на ученици за учество на националниот натпревар најдоцна до 23 февруари. Податоците за учениците треба да се достават на електронската адреса: info@mba.mk.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?