ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.05.2023
Евросонг годинава го гледале 162 милиони гледачи
Автор: Goce Author

Евросонг со сите контроверзи и реакции во поглед на изведувачите, настапите, привлекува огромен број гледачи ширум светот.

Овогодинешното финале на Евросонг и двете полуфинални шоуа во средината на мај ги следеле во живо околу 162 милиони луѓе. Ова е проценката на Европската радиодифузна унија.

До таа бројка ЕБУ стигна со сумирање на податоците на 38 јавни телевизиски станици. Конечната бројка е за милион гледачи повеќе од лани.

Финалето во Ливерпул на 13 мај го следеа 9,9 милиони луѓе во земјата домаќин, Велика Британија. Тоа е повеќе од кога било досега, што претставува зголемување од 22 отсто само за публиката во Обединетото Кралство.

Околу осум милиони луѓе го следеа Изборот за песна на Евровизија во Германија. Околу 2,3 милиони гледачи гледале во Шведска, која има околу 10 милиони жители, ги следеа трите шоуа.

Бројките ја вклучуваат и публиката што го следеше финалето и двете полуфинални вечери во Арената во Ливерпул.

Евровизија не сака, ама дефинитивно е политика!

– Изборот за песна на Евровизија на дигитални платформи имаше рекордна посетеност, соопшти ЕБУ.

– Севкупно, видеата на четирите платформи за социјални медиуми (ТикТок, Твитер, Инстаграм и Фејсбук) беа прегледани речиси 540 милиони пати во викендот на настанот – речиси двојно повеќе отколку во 2022 година.

Извршниот директор на Евросонг Мартин Остердал рече: „Натпреварот на Евросонг уште еднаш докажа дека јавните медиумски услуги имаат моќ да го обединат светот преку музика со глобален дострел на која сме многу горди“.

– Воодушевени сме што секоја година се повеќе луѓе ширум светот го откриваат овој посебен настан и што стана огромна отскочна даска за нова музика, рече тој.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието