ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.04.2023
Евростат потврди – младите на Балканот живеат со родителите
Автор: Goce Author

Истражување на Евростат покажа дека 71 % од младите од 25 до 29 години во Македонија живеат со своите родители.

Младите во Македонија тешко се одвојуваат од сигурноста на животот со родителите. Ова е честа тема на разговори, кога најчесто се прави споредба со некои западни земји, каде наводно многу рано децата излегуваат од домот во кој живеат со родителите, и живеат сами. Иако често мислиме дека на ово0ј план многу заостануваме зад многу други држави, во суштина тоа не е така. Ова посебно се однесува на соседните држави, каде има повеќе држави во кои многу повеќе млади живеат со своите родители, отколку во Македонија.

Податоците од истражувањето на Евростат покажуваат дека најмногу од младите на возраст од 25 и 29 години живеат со своите родители во земјиите на Балканот. На некој начин, ова не е изненадување, со оглед на се што му се случува на овој дел од Европа, посебно во поглед на стандардот.

Според Евростат, младите на Балканот тешко се осамостојуваат, Македонците сепак подобри од останатите

На истражувањето на „Евростат“ за бројот на млади жители меѓу 25 и 29 години кои живеат со родителите доминира Балканот, а Македонија се наоѓа на шестата позиција зад Албанија, Грција, Србија, Црна Гора и Хрватска.

ChatGPT прави споредба на животот во Македонија со оној во ЕУ

Најмногу од младите, односно 79,9 отсто, на оваа возраст живеат со своите родители во Хрватска, додека на втората позиција се наоѓа Црна Гора со 78,7 проценти од младите жители.

На третата позиција на листата на „Евростат“ се наоѓа Србија со 76,4 отсто, по што следат Грција со 72,9 и Албанија со 72,8 проценти во топ-5 на листата.

На шестата позиција се наоѓа Македонија со 71 отсто од младите меѓу 25 и 29 години кои живеат со своите родители, а помал број од младите кои го делат својот дом со родителите се Италија со 69,8, Косово со 68,6, Португалија со 68,1 и Словачка со 67,4 проценти.

Како што може да се забележи, балканските земји доминираат на листата на „Евростат“, а на тоа влијаат повеќе фактори, меѓу кои и финансиската моќ која ја имаат жителите.

Објавен водич за етика во вештачка интелигенција
Брачно финансиска писменост – или пари се отепувачка