ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.08.2022
EXIT од 2023 со фестивал и во Македонија

EXIT го најави стартот на фестивалот и во Македонија, планиран за 2023 година. Фестивалот ќе биде најавен со голема Get EXITed забава на 7 септември во Струмица.

Фото: FB EXIT

На забавата која ќе учествуваат голем број познати меѓународни и регионални музички ѕвезди. Наскоро ќе биде објавена целосната листа на изведувачи и локации, како и почетокот на продажбата на првиот контингент билети.

Со новиот фестивал EXIT во 2023 година, ќе го зајакне своето веќе многубројно фестивалско семејство на десет члена во осум земји. Со тоа ќе ја зајакне својата позиција како најголема фестивалска група во Југоисточна Европа.

На прес-конференција во Струмица беше претставен овој музички настан, а го најабвија претставници на тимот на Егзит.

Од самото основање на Егзит, постојат силни врски меѓу Македонија и нашиот фестивал, кој го одржуваме веќе две децении, а сега е време да застанеме и кај вас!  Бидејќи врските меѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, драго ни е што Македонија конечно се приклучува на семејството на EXIT настани. Една од основните визии на овој проект е воведот до создавање на нов македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот“ – велат од тимот на EXIT.

(Видео) Aтмосферата на „Exit 2022“

Македонија од 2023 станува дел од EXIT семејството

EXIT е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, чија мисија е поврзување на регионот и промовирање на мирот. Мисија е секако и брендирање на дестинации и градење на нивниот карактеристичен фестивалски имиџ. Покрај матичниот фестивал, кој традиционално се одржува во Нови Сад повеќе од 20 години, EXIT досега организираше бројни фестивали и големи концерти. Такви се No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора. Револуција во Романија, Sea Star во Хрватска, Echowaves во Грузија… Во Босна и Херцеговина Фестивал 84, Sunland на плажата Перла во Бугарија. Организирани се концерти на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, Red Hot Chili Peppers во Инџија и многу други…

Богатите повеќе придонесуваат за глобалното затоплување
(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година