

Фото: фб Сојуз на математичари на Македонија
Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест за тематската настава ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
ПРВ ДЕЛ (тематска настава)Учесници: ученици од 4 до 9 одд. и ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата: 4, 18, 25 октомври, 1 и 8 ноември 2025 год.
Датум на полагање завршен тест : 23 ноември 2025 год.
Место: Природно-математички факултет, Скопје
Делот од школата именуван како тематска настава е наменет за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини. Наставата ќе се реализира во 20 часа, по што следи завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество. Најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
ВТОР ДЕЛ (олимписка математика за јуниори)
Учесници : ученици од 7 до 9 одд.
Датуми на предавањата: 15, 22, 29 ноември, 13 и 20 декември 2025 год.
Место: Природно-математички факултет, Скопје
Делот од школата именуван како олимписка математика за јуниори е наменет за учениците кои се натпреваруваат по математика, добитници се на награда на државниот натпревар по математика во 2025 година и сакаат да стекнат вештини и знаења потребни за натпреварите од олимписки карактер. Наставата ќе се реализира во 20 часа. Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество.

Фото: фб Сојуз на математичари на Македонија
Дамјан Давков со прво злато за Македонија на математичка олимпијада
ТРЕТ ДЕЛ (олимписка математика за сениори)
Учесници : ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата : 4, 18, 25 октомври, 1, 8, 15, 22, 29 ноември, 13 и 20 декември 2025 год.
Место: Природно-математички факултет, Скопје
Делот од школата именуван како олимписка математика за сениори е наменет за учениците кои се добитници на медал (злато, сребро или бронза) на Македонската математичка олимпијада 2025 или медал (злато или сребро) на Јуниорската македонска математичка олимпијада 2025. Наставата ќе се реализира во 40 часа. Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество.
Краен рок за пријавување: 24 септември 2025 год.