
Жалгирис, односно градот Каунас, беше првиот фаворит за домаќин на фајналфорот на Евролигата во 2022 година, но отпадна од трката поради немање финансии. Како што стојат работите, Дубаи веќе би можел да го добие Ф4 оваа сезона, само неколку недели по средбата меѓу челниците на Евролигата и потенцијалните инвеститори, пишува BasketNews.

Photo: Twitter / Coca Cola arena
Финалето на Евролигата би се одржало во Кока-Кола арената, која собира 17.000 гледачи, а каде неодамна се одиграа и некои прелиминарни натпревари во НБА.
Дополнително, според истиот извор, Дубаи ги има сите потребни услови – од хотели, до организација, до можност – за ваков настан.
Властите од Обединетите Арапски Емирати планираат наводно да ја спонзорираат Евролигата со 60 милиони евра годишно преку авиокомпанијата Емирати.
Титулата од минатата сезона во Евролигата ја брани екипата на Анадолу Ефес.