ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.08.2022
Фејсбук станува мрежа за баби, дедовци, стрини….
Автор: Goce Author

Фејсбук се повеќе станува социјална мрежа за родители, баби, дедовци, стрини, тетки. Младите „строго“ го избегнуваат и одат на You tube, Tik Tok, Instagram, Snapchat…

Шема што се забележува, велат истражувачите на Pew, е дека тинејџерите денес избегнуваат апликации со премногу текст.

Долго време се шпекулираше дека најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук, стана платформа на родители, чичковци, тетки, баби и дедовци. Истовремено, таа е строго избегнувана од помладите генерации.

А најновото истражување на американскиот истражувачки центар Pew го потврди тоа. Споредено со 2015 , кога повеќе од 70 % од оние на возраст меѓу 13 и 17 години користеле Фејсбук, денес се само 32 %. Тоа е најостар пад на користењето на социјална мрежа досега. Просечната возраст на корисниците на Фејсбук се зголемува секоја година. Моментално е 40,5, а 65-годишниците се најбрзо растечката група корисници на мрежата лансирана во 2004 година.

Во Истражувањето беа анкетирани повеќе од 1.300 американски тинејџери и нивните родители. Целта е да се добие подобар увид во тоа кои платформи најмногу ги корист младата публика и колку време поминува на нив. Податоците покажаа дека меѓу платформите за млади доминираат YouTube, TikTok, Instagram и Snapchat. Нив ги користат повеќе од 50 проценти од сите испитаници.

Така, 95 % од тинејџерите изјавиле дека често користат YouTube (платформа која беше лансирана во 2005 година и е само една година помлада од Facebook), 67% од TikTok, 62% од Instagram (исто така платформа на Meta) и 57% на Snapchat. Твитер го користат 23 отсто од тинејџерите, WhatsApp 17 отсто, а Редит 14 отсто.

Наместо Фејсбук, младиуте претпочитаат Youtube, Instagram, Tik Tok…

Дополнително, повеќето испитаници користат повеќе платформи дневно, а 35 проценти рекле дека се на барем една „речиси цело време“. Моделот што се набљудува, велат истражувачите на Pew, е дека тинејџерите денес избегнуваат апликации со тешки текстови. Такви Facebook, Tumblr и Twitter. Младите се свртуваат кон апликации за слики и видео како YouTube, TikTok и Instagram.

И додека YouTube е недостижен во однос на користењето,постарите тинејџери, оние меѓу 15 и 17 години, го претпочитаат Instagram. 73 % од нив ја користат апликацијата редовно, во споредба со 45 отсто од помладите 13- и 14-годишници кои претпочитаат TikTok. Кинеската видео апликација, која беше лансирана во 2018 година, постојано ја користат 67 отсто од нив. Покрај тоа, истражувачите забележуваат дека TikTok е попопуларен кај девојчињата, а YouTube кај момчињата.

Колку младите во Македонија  користат ,,Фејсбук’’ и ,,Инстаграм’’ ?

И овие податоци се однесуваат само на помладите корисници. Кога се гледа општата употреба на платформи, според податоците за активните месечни корисници, Facebook (2,9 милијарди активни корисници), YouTube (2,2 милијарди), WhatsApp (2 милијарди), Instagram (2 милијарди), TikTok (милијарда ).

Во однос на времето поминато на социјалните мрежи, денешните тинејџери се на социјалните мрежи двојно повеќе од тинејџерите во 2015 година. 48 проценти од оние кои ги користат „неколку пати на ден“ во тековното истражување.

И покрај ова, само една третина од нив (36%) веруваат дека поминуваат премногу време на социјалните мрежи. 56 % од нив на прашање колку би им било тешко да се откажат од социјалните мрежи на одредено време, велат „многу тешко“.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието