ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.02.2024
Феминизмот е штетен, сметаат новите генерации
Автор: Goce Author

Младите мажи и жени од генерацијата Зед повеќе од бејби бумерите веруваат дека феминизмот е штетен , велат новите анкети.

Една петтина од мажите на возраст од 16 до 29 години позитивно го гледаат влијанието на Ендрју Тејт на социјалните мрежи. Момчињата и мажите од генерацијата зед повеќе од бејби бумерите веруваат дека феминизмот направил повеќе штета отколку корист. Најново истражување покажува „реален ризик на генерациска поделба“.

Еден од четворица мажи од Обединетото Кралство на возраст од 16-29 години веруваат дека е потешко да се биде маж отколку жена, а една петтина од оние кои слушнале за Тејт сега изгледаат позитивно на влијанието на социјалните мрежи – покажа истражување на повеќе од 3.600 луѓе.

Тејт, поранешен британско-американски кик-боксер кој има 8,7 милиони следбеници на платформата X, се соочува со обвиненија во Романија за трговија со луѓе, силување и формирање криминална банда за сексуална експлоатација на жени, што тој го негира. Некогаш велеше дека е „апсолутен мизогинист“. Во август минатата година, романскиот суд нареди контроверзниот инфлуенсер да биде ослободен од домашен притвор до почетокот на неговото судење по обвинение за трговија со луѓе.

Анкета: Половина од вработените од Генерацијата Зед се чувствуваат исцрпено барем еднаш неделно

На Џордан Петерсон позитивно гледаат 32 % мажи од 16 до 29 години, во споредба со 12 % жени. Петерсон јавно зборуваше за „деморализирање на младите мажи“.

16 % мажи сметат дека феминизмот направил повеќе штета отколку корист

Кога станува збор за феминизмот, 16 отсто од мажите веруваат дека тој направил повеќе штета отколку корист. Кај оние над 60 години тој број бил 13 отсто.

Податоците се засноваат на истражувањето на Ипсос за Институтот за политика на Кралскиот колеџ во Лондон и Глобалниот институт за женско лидерство.

Истражувањето исто така покажа дека 37 отсто од мажите на возраст од 16 до 29 години сметаат дека „токсичната машкост“ е некорисна фраза, што е приближно двојно повеќе од бројот на млади жени кои не ја сакаат оваа фраза.

Секој петти маж на возраст од 16 до 29 години кој слушнал за Ендру Тејт има позитивно мислење за него.

„Ова е нов и необичен генерациски модел“, рече професорот Боби Дафи, директор на Институтот за политика. „Обично се случува младите генерации постојано да се чувствуваат поудобно со новите општествени норми, бидејќи пораснале со нив како природен дел од нивниот живот.“

„Сепак, постои конзистентно малцинство – помеѓу една петтина и една третина од оние кои имаат спротивно мислење. Ова укажува на реален ризик од расцепкани поделби меѓу оваа генерација што доаѓа“, додаде професорот Дафи.

Социјалните мрежи имаат големо влијание на мислењето за феминизмот

„Фактот дека оваа група најмногу ги добива информациите од социјалните мрежи веројатно е барем дел од објаснувањето. Имаше жајтгејст каде младите жени чувствуваа дека можат да ја поседуваат идејата за феминистички идентитет… Младите мажи слушаат многу за моќта на девојката, но не ја разбираат во оваа фаза од нивниот живот“. Ова го изјави професорката Рози Кембел, директорка на Глобалниот женски лидерски институт во Кингс.

„Ова може да биде нешто што се менува кога младите мажи влегуваат во работната сила. Но, не можеме да го земеме тоа здраво за готово со оглед на тоа колку се важни социјалните медиуми за тоа како се разбираме себеси денес“, додаде таа.

„Бејби бум„ генерацијата се повеќе се разведува

Мажите од етничките малцинства најверојатно ќе го следат Тејт. Повеќе од една третина се согласуваат дека тој „покренува важни прашања за реалните закани за машкиот идентитет и родовите улоги“ во споредба со 12 проценти од мажите кои не се малцинства. Сепак, примерокот е премал за да се утврди кои етнички или други малцински групи се особено „погодени“ од таквата статистика.

Тејт исто така изјавил дека преминал во ислам откако претходно рекол дека е атеист. Во една од објавите тој изјавил дека меланинот, пигментот на кожата, „дава мудрост, заедно со храброст и физичка сила“. Тејт проповеда дека младите мажи треба да преземат контрола над нивните животи: „Не треба да си среќен. Треба да бидете многу влијателни и способни“.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?