
Овој викенд на плоштадот “Македонија” во Скопје ќе се одржи Фестивал на италијанска храна каде италијанските ресторани од Скопје ќе им ги понудат своите деликатеси на посетителите.
Фестивалот е организиран од Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) во рамки на одбележување 6-та Недела на италијанска кујна во светот. Настнот беше отворен од страна италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри. Кој рече дека целтта на овој Фестивал е да се пренесе вкусот на Италија. Овде може да се пројдадат храна, вино кафе и десерти кои го претставуваат италијанскиот вкус и се карактеристични само за тие простори.
Photo by amirali mirhashemian on Unsplash
Учесници на фестивалот се: Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб, ИТА Бренд, Амброзија Беха, Јес паста.
Освен храна и пијалоци, според амбасадарот, целтта е и да се прошири онаа топлина и љубов која ја поседуваат италијанците. Фестивалот е место каде преку храна и музика, ќе може да се ужива со најблиските и да се запознае една поинаква култура од нашата. Па доколку сте љубители на храна и добро поминатото попладне, посетете го плоштад “Македонија” и уживајте во амбиентот кој го организираат италијанските ресторани.