ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.07.2024
Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ годинава нуди качување на карпа, влегување во пештери, трка, забава со рок бендови…
Автор: Goce Author

Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ годинава се одржува по 20-ти пат на планината Плачковица. Станува збор за фестивал на отворено каде има бројни и несекојдневни активности.

Ќе имаме различни дисциплини. Како спортско качување, детска трка, отворен ден на вештачка карпа, Плачковица треил, ќе влегуваме во пештери. Она што е многу важно е тоа што забавувачи ќе ни бидат сите штипски рок бендови, а специјален гостин е бендот Трипати на Ден, изјави еден од организаторите, Милорад Ангелов.

Фестивалот започнува во Сабота (13.07.2024) од 5 часот утрината и трае до доцна во ноќта.  Трката е предвидена во 17.30 часот.

Плачковица треил ќе биде 18 километри трка со вистинско искачување од 750 метри. Рутата ќе биде иста како и минатата година со тоа што ќе имаме 2 освежителни станици. Трката започнува во 17.30 часот. Предвидено е сите да стигнат пред стемнување и да присуствуваат на забавата. Имаме обезбедено награди за првите награди и две изненадувања награди, изјави еден од организаторите Тони Манев.

Програмата за оваа година е следната:

Сабота 13.07.2024

05:00 Виа ферата на врв ,,Лисец,, пл Плачковица
09.00 Спелеолошка акција посета на пештера “Ќуп” и Голема пештера- воедно и планинарска акција.
17.30 Плачковица Trail – 18 км.
21:00 Штипска рок сцена
– Фуриа
– Трипати на ден
– Arre brothers bend
– Јордан Капа – Душанка

Недела 14.07
09:30 МТБ тура велосипедизам во соработка со МТБ ШТИП
10:30 Детска трка
старт – старо детско одморалиште
12:00 Доделување на признанија и награди на учесниците во активностите
12.30 Рок свирка
13:00 Open day качување на вештачката карпа за почетници и авантуристи
14.00 Rock свирка
17:00 Еколошка акција
21:00 Следење на големото финале на европското првенство во фудбал на огромен видео бим на отворено со скара и пиво.

 

Одговорни лица за настаните:

МТБ тура, одговорно лице Никола 072 221 821
Плачковица Trail, одговорно лице Тони Манев 077 853 049
Детска планинарска трка, oдговорно лице Билјана 072 263 289
Спелолошка акција посета на пештера Ќуп, Голема пештера,одговорно лице Милорад Ангелов 078 476 716
Open day на вештачка карпа, одговорно лице Билјана Спаскова 078 355 352
Еколошка акција одговорно лице
Атанска Ристова 078 380 792
Виа Ферата на врв Лисец
Одговрно лице Божјидар Јанков 077 755 426

 

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023