ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.09.2023
Фестивалот „TASTE THE SOUTH“ со богата музичка програма

Гевгелија прв пат годинава е домаќин на фестивалот „Taste the south“ или „Вкуси го југот“ кој што ќе има богата музичка програма. Идеата за фестивалот доаѓа од потребата на Гевгелија и регионот за културно-уметничка манифестација за промоција на градот, околината но и целиот јужен регион на Македонија. Од таа причина е и самото име на фестивалот.

Идејата за промоција на Гевгелија е препознаена од Општина Гевгелија, а е во соработка со Крафт Продукција. Градоначалникот Андон Сарамандов ја препознаа идеата за започнување на една одлична манифестација која во иднина би прераснала во препознатлив бренд налик на Штипската Пастрмалијада или Пиволенд Скопје.

Од Крафт Продукција велат дека очекувањата за посетеност на фестивалот се големи.

„Очекуваме голема посетеност како од регионот така и од цела Македонија, но и од Грција, Бугарија и Србија. Гевгелија се наоѓа на совршена локација за голем фестивал кој би привлекувал и посетители и од подалечни дестинации. Се надеваме дека ќе го поставиме темелот на една успешна приказна на која со гордост ќе гледаат гевгеличани, но и цела Македонија.“, вели Дарко Масларковски, дел од Крафт Продукција.

Иако идејата е малку постара, сепак годинава прв пат ќе се реализира. Фестивалот ќе трае од 15 до 17 септември, а листата на изведувачи е богата.

Музичката програма ќе започне со официјалното отварање на фестивалот во 18:00 часот во петок на 15 Септември.

Првиот ден посетителите ќе уживаат во звукот на Инфузиона2 кои доаѓаат од Шпанија и традиционалната шпанска музика ја фузираат со модерни ритми. Потоа етно бендот Баклава, легендата на македонската народна песна Миле Кузмановски, Драган Спасов-Дац и Александар како и  Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд.

Во сабота фестивалот со гостите од Шпанија – Инфузиона2, ФОНИА, Пајак – миленикот на младата публика, легендарните Куку Леле… За крај можеби моментално најпопуларните македонски изведувачи ДНК и Некст Тајм.

Во недела ќе има и детската програма од 12:00 и трае до 18:00 часот. За обожавателите на автомобили ќе има дефиле на Олдтајмери.
На сцената ќе настапат Инфузиона2, гевгелискиот состав(Моки, Марија и Крџе), енергичните Брас Брадрс, како и легендарните Ареа и Суперхикс.
Водител на манифестацијата ќе биде Актерот Сашко Коцев.  За насмеани лица ќе се погрижи и Дејан Малзарков – Диверзија кој ќе настапува секој ден.

Покрај музичкиот дел ќе бидат поставени и фестивалските шатори под кои ќе се вкусуваат производите од локалните и националните производители.

Од Крафт Продукција велат дека иако е напорно да се направи музичка листа со музика се сечиј вкус тие се задоволни со изборот.

„Не е лесно, но имаме долгогодишно искуство и соработка со сите македонски бендови и артисти. Не е можно да ги задоволиш сите вкусови но доколку процентот е поголем од 70% мисијата е успешна. Се надеваме дека сите ќе бидат задоволни и напоменуваме дека ова е само првата година на фестивалот.“

Крафт Продукција се дел од манифестации се веќе традиционални и препознатливи, Пиволенд, Виноскоп, Баскерфест… Според Дарко, се очекува и „Taste the south“ да прерасне во традиционален фестивал кој ќе сведочи за Гевгелија.

Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе се оддржи на спортското игралиште кај ООУ Владо Кантарџиев.

Следниот викенд сите заминуваме во Гевгелија нели?

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите