
ФИФА одреди богати награди за репрезентациите кои ќе настапат на Светското првенство во Катар.
Од светската куќа на фудбалот во Цирих изјавија дека за претстојниот Мундијал на здруженијата и клубовите ќе им платат вкупно една милијарда долари.
Она што е познато е дека победата во финалето на освојувачот на титулата ќе му донесе 42 милиони долари, ако кога се додадат 1,5 милиони за подготовки, и 9 милиони за учество во групната фаза, конечната бројка е 52,5 милиони.
За пораз во финалето следува чек од 30 милиони со што наградата за финалистот се искачува на вкупно 40,5 милиони.
Третото место носи 27, а четвртото 25 милиони евра.
Оние кои се пласирани од петтото до осмото место можат да сметаат и на добра заработка, по 17 милиони долари.
Наградата за сите оние кои ќе се пласираат во осминафиналето, односно за екипите од 9 до 16 место е 13 милиони.
Исто така, ФИФА додели уште 209 милиони долари на име обештетување на клубовите поради учеството на играчите на Мундијалот.