ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.08.2022
Финансиската иднина на младите песимистичка
Автор: Goce Author

Финансиската иднина на младите во светот е неповолна, покажува анкетата на истражувачкиот центар Pew. Во неа возрасните одговараат како децата во нивните земји ќе поминуваат финансиски во иднина.

На прашањето како децата во нивната земја ќе поминуваат финансиски кога ќе пораснат, просечно 70% од возрасните во 19 земји велат дека ќе бидат полоши од нивните родители. Ова го покажува истражувањето на Истражувачкиот центар Пју спроведено оваа пролет.

Мнозинството во повеќето анкетирани места се песимисти за финансиската благосостојба на нивните деца

Најмалку три четвртини од возрасните во Јапонија, Франција, Италија и Канада велат дека децата ќе бидат во полоша финансиска состојба од нивните родители. Така е и кај мнозинството во Шпанија, Обединетото Кралство, Австралија, САД, Белгија, Грција, Холандија и Јужна Кореја. Сингапур е осамената земја во истражувањето каде што мнозинството возрасни (56%) веруваат дека следната генерација ќе биде подобра финансиски.

Во Израел, Унгарија и Полска анкетите беа спроведени преку интервјуа лице-в-лице. Таму повеќе од еден од десет одговориле со „ист“. Тоа значи дека веруваат дека децата ќе имаат приближно иста финансиска состојба како нивните родители. Унгарците се повеќе песимисти отколку оптимисти за финансиската иднина на децата во нивната земја. Израелците се пооптимисти, а Полјаците се речиси рамномерно поделени.

Во девет од анкетираните земји, процентот на луѓе кои велат дека на децата ќе им биде полошо од нивните родители е значително зголемен од последното поставено прашање. На пример, 42% од испитаниците во Полска велат дека најмладата генерација ќе биде полоша финансиски – речиси двојно повеќе од 23% кои го кажале тоа во 2019 година.

Табела која покажува дека песимизмот за финансиската иднина на децата е во пораст во многу земји

Фото: PEW

Процентот на луѓе со песимистички поглед на финансиската иднина на децата е зголемен за 14 % во Австралија. Во Холандија процентот е 12  и 11 во Унгарија од последниот пат кога прашањето беше поставено во секоја земја. Помали, но сепак значајни зголемувања на овие ставови има во ОК, Канада, Сингапур, Јапонија и САД.

Немањето финансии и тоа што не сме дел од ЕУ ги ограничува можностите за младите во Македонија

Кај 11 од анкетираните земји, рекордно висок процент велат дека децата ќе бидат во полоша финансиска состојба од нивните родители. Во Јужна Кореја има постојан пораст откако прашањето за прв пат беше поставено во 2013 година во песимистичките одговори.

Сепак, има и земји во кои уделот на возрасните кои гледаат полоша финансиска иднина за децата е помал од претходните години.  Во Франција, на пример, 90% од возрасните изјавија во 2013 година – за време на кризата со јавниот долг во еврозоната која резултираше со француска рецесија – дека децата ќе бидат финансиски полоши од нивните родители.

Графикон кој покажува дека луѓето кои гледаат негативно на економијата имаат поголема веројатност да видат полоша финансиска иднина

Во сите 19 земји , луѓето со негативен поглед на економските услови повеќе веруваат дека на децата ќе им биде полошо. Тоа е случај во Полска –  63%  веруваат дека на децата ќе им биде полошо во иднина. Кај оние кои ја гледаат моменталната економска ситуација на земјата како добра, само 19% го делат овој став. Дури и во Јапонија, каде разликата е најмала од 19 земји, разликата е 17 поени.

Финансиската писменост слаба точка за младите

Сепак, дури и меѓу оние со позитивен поглед на актуелната економија на нивната земја, многумина се песимисти за финансиските изгледи на следната генерација. Во 10 земји – САД, Италија, ОК, Шпанија, Холандија, Австралија, Канада, Франција, Белгија и Јапонија – околу половина или повеќе од возрасните со позитивен поглед на економијата сепак очекуваат децата да бидат полоши од нивните родители .

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?