Студените Филип, Стојче, Сара, Ивона и Сара, пред крајот на минатата година го формираа Студентското Здружение за Молекуларна Медицина (СЗММ).
Организацијата е водена од мисијата да ги обедини студентите и младите истражувачи заинтересирани за откривање на молекуларните механизми на болестите.
Основачите ја потенцираат важноста на мултидисциплинарниот пристап.
„Како претседател на Студентското Здружение за Молекуларна Медицина, верувам дека со оваа иницијатива ќе покажеме на студентите и сите заинтересирани една подлабока и подетална страна на медицината. Нашата цел е да создадеме простор за продлабочени дискусии, предавања од врвни експерти и споделување на идеи кои ќе ги инспирираат студентите да размислуваат критички и креативно. Преку вакви активности, се стремиме да ја продлабочиме нивната пасија кон науката и да им овозможиме подобро разбирање на сложените механизми кои ја движат медицината напред.“,- вели претседателот Филип Постолов.
СЗММ, иако е формирано од студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ тоа во планот за работа има опфаќа многу широки активности кои се однесуваат на студентите во целата држава, па и во регионот. Здружението планира:
Во време кога молекуларната медицина зазема сè позначајно место во современата наука и здравствената заштита, здружение од ваков карактер ќе им овозможи на студентите стекнување нови знаења, надоградување на своите вештини и поврзување со експерти од различни области. Организацијата не само што ги подготвува студентите за идните предизвици во медицината, туку и отвара врати за научни истражувања, иновации и меѓународна соработка.
„Навистина сум среќна што конечно, после голем труд, сонот стана реалност. Сметам дека оваа заедница ќе им биде од голема корист на студентите, почнуваќи од самата себе. Разбирање на механизмите на болестите, на дијагностиката и терапијата на подлабоко ниво, е од есенцијално значење за да се поттикнат студентите да стекнат знаење поради куриозитет а не поради оцена. Да се создаде средина за размена на идеи, знаење и искуства, навистина е предизвик, но верувам дека кога станува збор за промоција на знаењето, сите сме обединети.“, вели потпретседателката Стојче Читкушева Димитрова.
Студентите кои се заинтересирани за истражување, иновација и надоградување во областа на молекуларната медицина имаат можност да станат активни членови на ова здружение. Без разлика дали сте студент во прва година или веќе искусен истражувач, оваа организација нуди можност да бидeте дел од заедница што поттикнува професионален раст. Заинтересираните ќе можат да се пријават на Повикот за активно членство објавен на официјалната веб страна на здружението: mmss.different.com.mk