ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.12.2022
ФОТО – Евакуиран Ист Гејт поради лажна дојава за бомба
Автор: Goce Author

Утринава на електронската дреса на ГТЦ добиле меил со заканувачка содржина за поставена експлозивна направа. Трговскиот веднаш бил евакуиран. За граѓаните целата ситуација била стресна.

Дел од објектите кои за пв пат се соочуваат со дојава за бомба се и висококатниците на Џевахир Сити. И таму на електронска пошта анонимната дојава стигнала нешто по 9 часот. Станарите откако биле известени веднаш излегле од зградите.

Најтешко сепак било за оние кои живеат на погорните катови и се со мали деца.

Дојава за бомба денеска и на адреса на Министерството за надворешни работи. Вработените во оваа државна институција веднаш биле евакуирани. Од МВР информираа и дека дојави за бомби имало и на адреса на Ист Гејт, девет скопски училишта меѓу кои „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и средното техничко училиште „Владо Тасевски“ во Аеродром, но и основно училиште во Кавадарци. За сите денешни дојави е утврдено дека се лажни.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?