Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Денес започна саемот на книгата во штипскиот City Mall, а ќе трае до 11 февруари. На саемот учествуваат повеќе издавачки куќи и може да се најдат разни жанрови на книги, за сите љубители на пишаниот збор без разлика на возраста.
“До сега на штандовите прошетаа малку луѓе, искрено очекувавме повеќе заинтересираност од граѓаните. Позастапена беше повозрасната публика, што е малку зачудувачки, изгледа дека младите не се заинтересирани многу за читање книги, бидејќи се нели деца на технологијата…”-истакнаа од издавачкиот центар Три.
Саемот трае до недела, со почеток од 10:00 до 22:00 часот.