ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.01.2026
Франција ги забранува социјалните мрежи за лица под 15 години
Автор: Goce Author

Францускиот парламент направи голем чекор за заштита на децата од прекумерна употреба на телефони и социјални мрежи. Пратениците усвоија закон со кој се забранува користењето на социјални мрежи за лица под 15 години.

Францускиот претседател Емануел Макрон

Предлог законот, поддржан од претседателот Емануел Макрон, беше усвоен со 130 гласа „за“ и 21 „против“ по долга ноќна седница. Сега тој треба да помине уште низ Сенатот пред да стане официјален закон.

Макрон го нарече гласањето „голем чекор“ за заштита на француските деца и тинејџери. Тој посочи дека мозокот на младите не е на продажба, ниту на американските, ниту на кинеските платформи.

Новото законодавство предвидува и забрана на мобилни телефони во средните училишта, а мерките треба да стапат на сила од почетокот на учебната 2026 година за нови кориснички сметки. Франција ќе биде втората земја во светот што воведува ваков закон, по Австралија, која веќе забрани социјални мрежи за лица под 16 години.

Оскарите со измени поради војната?
Светски ден против дебелината: младите се сѐ по дебели