ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.05.2022
Французинот Турпин ќе го суди финалето Реал – Ливерпул
Автор: Goce Author

Финалето на Лигата на шампиони на 28 мај во Париз ќе го суди францускиот судија Клемент Турпин.

Европската фудбалска организација одлучи дека главен судија во финалето на оваа сезона во Лигата на шампионите ќе биде 39-годишниот француски судија Клемент Турпин.

Ливерпул и Реал Мадрид на 28 мај во Париз ќе го одиграат финалниот натпревар од ова елитно натпреварување, а правдата ќе ја дели Французинот роден во Оулинс, кој на тој начин направи исчекор во однос на минатата сезона.

Имено, во текот на сезоната 2020/2021. Турпин го судеше финалниот натпревар од Лига Европа, во кој Виљареал го совлада Манчестер Јунајтед и сега ќе го суди најважниот натпревар во сезоната во клупскиот фудбал.

Да додадеме дека финалето на Европската лига во Севиља меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ, додека Унгарецот Иштван Ковач ќе ја дели правдата во Тирана каде Рома и Феенорд ќе ги играат премиерните финалиња од Конференциската лига.

Истражувања: ​Преку 95% од обложувачите на спортска долгорочно се во загуба
Дали теретаните се добри за младите?