ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.09.2024
ФРЛЗ ја организираше конференцијата „Младински Форум 2024“
Автор: Goce Author

ФРЛЗ (Фондација за развој на локалната заедница) од Штип го организираше „Младински Форум 2024“.  Ова е второ издание на Форумот, на кое се презентираа резултатите постигнати во втората година од реализацијата на проектот „Направи разлика“. Членови на „Младински банки“ ги споделија успешните приказни, искуства и достигнувања, со акцент на нивната работа, обуките кои ги проследиле, стекнатите вештини, настаните за прибирање средства и реализираните иницијативи.

Според Невенка Лонгурова Гирова, Извршен директор на ФРЛЗ, целта на форумот е да се поттикне креативноста и иновативниста кајмладите луѓе, да бидат двигатели на промени, како и да се поттикне активно учество во заедницата, за подобрување, размена на идеи, знаења и искуства. Во текот на прокеот досега се создадени нови партнерства и соработка меѓу младите луѓе кои сакаат да направат разлика во својата заедница.

-Младите имаа навистина креативни идеа кои беа реализирани, но значајно е дека се направи разлика и од аспект на заинтересираноста на институциите. Тие покажаа интерес за идеите на младите и останатите членови на заедницата, и тука посебно треба да се истакне интересот и ангажманот на Општина Штип.

ФРЛЗ го поттикнува младинското учество

Своите успешни приказни и искуства ги споделија неколку млади лица, кои ги презентираа своите идеи.

Кире Јованов, спин понг – Младинска Банка Штип

Јован Лонгуров, Поврзување за подобра иднина (YouthConnect)

Ана Арсова, Иницијатива – Клупи покрај Отиња

Петар Тодев, Биз каст

Иницијатива – Новогодишен музички концерт

Милена Милорадова, Младинска банка – памп трака.

Дали младите во Штип конечно ќе добијат Кино сала и велосипедски патеки?

Проектот „Направи разлика“, финансиски поддржан од американскиот народ преку УСАИД, е имплементиран од ФРЛЗ, во партнерство со Ротари клуб Штип и Ротари клуб Кочании Виница. Има за цел да ја подобри средината за развој, предводен од заедницата. Се опфаќаат сите млади и заинтересирани граѓани кои сакаат акривно да се вклучат во креирањето подобра иднина за сите. Од членовите на заедницата се очекува предлагање на иницијативи, имплеменнтирање на предлози и одлуки, решавање на најголеми предизвици и проблеми.

„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември