ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.11.2021
Фудбалска репрезентација на Македонија – чекор до бараж, па потоа два тешки чекори до светско!

Фото: ffm.mk

Шок терапија ни приредува фудбалската репрезентација на Македонија, не води до ѕвездите но и до дното и назад во квалификациите за Светското фудбалско првенство. Откако направи сензација со победата против Германија, следуваше разочарувачкиот циклус од три нерешени средби со Ерменија и Романија во Скопје и пропуштената победа со Исланд во Рејкјавик, по што уследи очекуваната одмазда од панцирите и на хартија веќе загубенаат битка за второто место во групата. И тогаш сите се откажавме, сметајќи дека шансите отидоа во неврат, бидејќи требаше прво ние да ги совладаме Ерменија на гости и Исланд во Скопје, а притоа да очекуваме Романија да киксне со Исланд или Лихтенштајн (а тоа делуваше малку веројатно). Но ете, фортуната ни се насмеа – Македонија доигра еден ретко квалитетен и ефикасен натпревар во Ереван, и победи со високи и речиси неверојатни 5:0, а подоцна, Романија не успеа да победи против Исланд. Со тоа, Македонската репрезентација дојде во пол позиција пред последното коло, и сама одлучува за освојувањето на второто место и пласманот во бараж – треба само да се победи Исланд во Скопје! Ддка нема да биде лесно, е повеќе од јасно, посебно по непријатното изненадување за романците токму од истиот Исланд, а богами и по враќањето на исланѓаните во Рејкјавик против нас.

Како и да е,пред полната ( во согласност со ковид протоколите) Арена „Тоше Проески“ во недела (14.11.20210 некаде околу 19.50 ќе биде јасно дали Македонија ќе игра бараж за настап на Светско првенство, што би било голем успех. Успехот е на дофат, фудбалерите треба да го потврдат, за себе и за сите вљубеници во спортот, за заборавање на сите пропусти по смената на Ангеловски…

Дека самото освојување на второто место во групата (што само по себе е најголлем успех во било кои квалификации досега) не значи директно пласман на Светско, туку во бараж, е јасно. Но, овој пат и баражот ќе биде потежок. Нема само една средба, еден противник, туку Македонија ќе мора да победи двајца противници за да се најде меѓу учесниците на Светскотот во Катар. Како тоа всушност ќе изгледа?

Енис Барди Фото: ffm.mk

Во баражот ќе учествуваат 12 репрезентации, десетте второпласирани селекции од мундијалските квалификации како и двете селекции кои победија во групите во Лигата на нации, но кои во квалификациите не се на првите две места во табелата.

Репрезентациите кои ќе играат во баражот ќе бидат сместени во три групи со по четири репрезентации и ќе бидат поделени на носители и неносители.

Поделбата ќе се врши по основ на успехот во квалификациите и речиси сигурно е дека Македонија ќе биде во групата на неносители, а ќе се игра по систем на елиминации , односно со ждрепка ќе бидат одредени полуфиналните двојки, а потоа победникот во финалната пресметка од секоја група ќе обезбеди пласман на Светското првенство во Катар. На ваков начин Македонија обезбеди пласман на Евро 2020, фудбалерите во баражот прво го совладаа Косово, а потоа во финалето беа подобри од Грузија.

Како што стојат работите досега во квалификациите, сигурно е дека Шкотска и Полска ќе го освојат второто место во своите групи, Австрија и Велс ќе дојдат од Лигата на нации, додека останатите второпласирани селекции се Србија, Шведска, Хрватска, Швајцарија, Чешка, Норвешка, Македонија и Украина. Во последните натпревари можни се промени на табелата, па така Србија доколку ја совлада Португалија во Лисабон ќе го освои првото место во групата, додека Хрватска со триумф над Русија исто така би се искачила на врвот на табелата.

Ждрепката за одредување на групите и полуфиналните двојки ќе се одржи на 26 ноември, додека натпреварите е предвидено да се играат на 24/25 и 28/29 март 2022 година.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?