Студентите од сите факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска свечено го имаа својот прв академски час за новата академска година.
“Почитувани бруцоши од денес Универзитетот е вашиот втор дом. Грижете се за себе, помагајте си, негувајте емпатија едни кон други, но истовремено бидете свои, храбри, говорете гласно за тоа што сакате да го промените, бидејќи само така ќе израснете во зрели и зраворазумни личности. Затоа мојата порака до вас е учете со страст и бидете убедени дека знаењето е единствено нешто што никој не може да ви го одземе. Бидете љубопитни и упорни трагачи по нови знаења и вистини. Кажете ги гласно вашите идеи и охрабрете се да ги спроведете. Велат дека иднината им припаѓа на тие што денес се подготвуваат за неа.” им порача на студентите ректорот на УГД, проф. д-р. Дејан Мираковски.
Добредојде на големиот број студенти и посака и Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, како и студентот на студентската организација СОМА, Александар Величков.
По повод првиот академски час на платото на општествениот кампус, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ) организираа свеченост за добредојде на првиот академски час.
Настанот беше отворен со интонација на државната, свечената химна на УКИМ и студентската химна „Гаудеамус“ во изведба на студентите, по што следуваа говори на ректорката и претседателот на УСС УКИМ. На свеченоста присуствуваа и претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.