
Универзитетот „Гоце Делчев“ денес го започна одбележувањето на 16 годишнината од своето основање. Во рамките на одбележувањето прв настан е свечената академија на која свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот, претседателката на Универзитетското студентско собрание, како и бројни настапи на уметници од Музичката, Ликовната и Филмската академија.
На свеченоста се доделија 18 награди за најдобри студенти, како и бројни признанија и пофалници за компании и јавни институции кои помогнале изминатиот период во развојот на Универзитетот и високото образование.
Денес нашиот Универзитет одбележува 16 години од денот кога започна да го гради својот личен профил во рамките на македонското високо образование. Визијата на основачите да се формира нов државен универзитет кој треба да го заживее источниот дел од државата и да биде нова додадена вредност на македонското високо образование, денес е остварена. Остварувањето на таа визија подразбираше многу работа, пожртвуваност, донесување крупни и значајни одлуки, отворање нови врати кон глобалниот свет на знаењето, создавање на квалитетни студиски програми и услови за студирање и, секако, привлекување студенти од сите страни на светот. Нашите претходници, поранешните ректори, проректори, декани, продекани, професори и сите вработени, водени од желбата УГД да стане признаена и респектабилна високообразовна институција, се вградија себеси и својот потенцијал во остварувањето на овие цели, рече ректорот проф. д-р Дејан Мираковски во своето обраќање.
Преку галерија од фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата. Со други настани одбележувањето ќе продолжи до 2 април.

Присутни беа поранешни ректори на УГД, ректори на други Универзитети, како и претставници на бројни институции

Свеченоста се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД

Сара Денкова – претседателка на Универзитетското студентско собрание

Студентите по медицина на неколку пунктови мереа крвен притисок и шеќер во крвта

Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски



Благодарници се доделија на институциите




Најдобрите наградени студенти/ки


Памела Реџеповска – една од најдобрите студентки на УГД


Настап на дуо пијано од Музичка академија

Настап на студенти и професори од Катедрата за танц при УГД

Настап на Трио Академико од Музичка Академија