ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.10.2024
(Галерија) Заврши велешката „Питијада 2024“
Автор: Goce Author

Со огномет над градот синоќа заврши програмата на годинашниот Фестивал на велешка пита пастрмајлија  и македонски вина „Питијада 2024“, што го организира Општина Велес. Годинава учествуваа 17 ресторани од градот и винарии од регионот.

Огнометот со кој беше означен крајот на Питијада 2024 Фото: ФБ профил на Марко Колев

Од Општина Велес информираат дека фестивалот одлично поминал сите три дена, од 11 до 13 октомври, со најголема посетенст во саботата, кога имаше концерт Саша Ковачевиќ. Додаваат дека бил срушен досегашниот рекорд по посетеност на велешката „Питијада“.

Дел од настапот на Саша Ковачевич Фото: ФБ профил на Марко Колев

Александра Андреева од Организациониот одбор потенцира дека бројките на посетеност, изедени пити и испиено вино допрва ќе се сумираат, по што ќе бидат објавени за медиумите.

Традиционално сечење на џиновска пита Фото: ФБ профил на Марко Колев

-Се помина одлично и ние како организатори сме задоволни од реализираното. Имаше огромна посетеност на гости од целата држава, па и гости од странство. Сите посетители, како што ни изјавија на нашата Фејсбук страна и во директен разговор со нив, многу им се допаднала програмата која била за сите генерациии, а одлично ја оценија и  понудата од угостителите и винариите, потенцира Андреева.

Синоќа во забавниот дел како последни настапија групата С.А.Р.С., а пред нив настапија Елена Ристеска, Благоја Грујовски и Огнен Здравковски.

Настап на Мики Секуловски Фото: ФБ профил на Марко Колев

Во рамките на годинашната „Питијада“ во саботата се одржа и веќе традиционалната изложба на олдтајмери, која предизвика голем интерес кај посетителите од сите генерации. Вчера  се одржа  и 11-та Рекреативна велосипедска тура „Велес МТВ TOUR 2024“ која ја  организира Здружението „Велес Бајкиг“. Учествуваа повеќе рекреативци од сите возрасти, а стартот беше кај Винарија „Шато Сопот Македонија“.

11-та Рекреативна велосипедска тура „Велес МТВ TOUR 2024 Фото: ФБ профил на Марко Колев

Организаторот Општина Велес потенцира дека годинава првпат во рамки на „Питијадата“ 2024 се одржа и Саем на рачни изработки кој, како што велат, одлично поминал и за кој се планира да прерасне во традиција со уште поголем број на излагачи на рачни изработки.

Дел од есенскиот базар Фото: ФБ профил на Марко Колев

 

Дарко Ѓурчиновски со своето комично шоу Фото: ФБ профил на Марко Колев

Дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” го означија почетокот Фото: ФБ профил на Марко Колев

(Галерија) Свечен прв час за студентите на УГД и на УКИМ
Со дводневен настан студентската организација СОМА го  одбележува Светскиот ден на срцето