ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.02.2022
„Галичка свадба“ го отвори пријавувањето за зет и невеста
Автор: Goce Author

Кандидатите за зет и невеста на „Галичка свадба“ можат веќе да се пријавуваат за годинешното издание на манифестацијата. Пријавувањето е отворено до 31 март.

Фото: FB МЗ Галичка свадба

Еден од заштитните знаци на македонскиот туризам и традиција, манифестацијата во која се прави свадба по старите макеоднски обичаи од Галичник, годинава ќе се одржи од 15 до 17 јули.

Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за изданието на манифестацијата за 2022 година.

Заинтересираните кандидати за зет и невеста за оваа година, најдоцна до 31.03.2022 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: mzgalichnik@gmail.com со назнака „За избор на зет и невеста“.

Критериуми за избор кои ќе бидат земени предвид:

-Потекло од Галичник (двајцата или едниот);

-Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога;

-Учество во активностите на Месната заеница;

-Ова да им е прв црковен брак.

Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.05.2022 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите