ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.09.2023
Гардијан го блокира ChatGPT да зема содржини од весникот
Автор: Goce Author

Британскиот весник „Гардијан“ ја блокираше компанијата „OpenAI“ да собира информации за да ги подобрува своите производи, меѓу кои е и ChatGPT.

Фото: The Guardian

Загриженоста за тоа дека компанијата неовластено користи содржини за да ги унапреди своите продукти од вештачка интелигенција доведе до тоа многу уметници, креативни индустрии и медиуми да побараат мерки за заштита на нивната интелектуална сопственост.

Гардијан потврди дека го спречил „OpenAI“ преку својот софтвер да презема содржини од сајтот на популарниот британски весник.

Генеративната вештачка интелигенција, која опфаќа производи кои создаваат многу убедлив текст, фото и аудио содржина со наједноставна човечка команда, ја воодушеви јавноста откако беше претставена напредната верзија на ChatGPT минатата година.

Технологијата зад ChatGPT и слични чет-ботови се „тренира“ со тоа што се хранат со огромни количини на податоци од Интернет, вклучително и написи за вести, што им овозможува на овие алатки да генерираат содржина по команда, но и да го предвидат најверојатниот збор или фраза што корисниците ќе ги напишат.

Социјалните медиуми ги „победија“ новинарите и уредниците

OpenAI објави во август дека ќе им дозволи на сајтовите да го блокираат пристапот на неговиот софтвер до содржината, иако тоа не ги вклучува сите претходно преземени содржини. Некои сајтови веќе се одлучија на тој потег.

„Преземањето интелектуална сопственост од веб-страницата на Гардијан за комерцијални цели е и секогаш ќе биде спротивно на нашите правила“, пишува британскиот весник.

Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието
Младите сакаат едукација за финансиската писменост