ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.04.2022
„Генералка викенд“ чистење во речиси сите градови низ државата

„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ голема акција за чистење на Штип, која ќе се одржи на 7 мај 2022 година во Штип. Целта е да се собере што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК станица рециклирање или локална станица за отпад. За секои 10 кг отпад, се придонесува засадување на дрво наесен.

„Акцијата за чистење „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, 2022, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина“ – вели, Гордана Софија, еден од националните иницијатори за чистење отпад и селектирање.

Проектот е започнат од лани и се планира да се реализира секоја година, во наредните 10 години, втората недела од мај. „Проектот се состои од два дела, првиот дел е предвиден за пролетно чистење, а вториот дел е предвиден за есенско садење на дрва. Главниот концепт и нашата цел се насочени кон тоа да се собере и да се намали отпадот во општините.“ – истакнува Гордана Софија.

Организаторите Гордана Софија и Ханес Јаецкл од “Man and Mountain”

Минатата година беа вклучени 10 општини, настанот се одржал на 7, 8 и 9 мај и во овие три дена, биле регистрирани 1000 волонтери, а било собрано 175.000 кг отпад, од кој дел бил рециклиран. Годинава се вклучени 26 општини меѓу кои и Град Скопје.

„Во 2022 година, Мен енд Маунтен, воведува нова платформа за приватни и корпоративни донатори. Овие донации ќе се искористат за купување и засадување дрвца директно во општините – учесници на „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Овие шуми се видливи и пристапни за граѓаните и се наречени „СОНЧЕВА ГОРА“

Град Штип учествува втора година, а на организаторите би им значело доколку имаат поголем број на млади, заинтересирани, волонтери кои ќе сакаат да придонесат повеќе за својот град и за чиста средина.

Инаку, во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како: Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, ЈП „Национални шуми“, претставници на дипломатскиот квор, повеќе од дваесет општини, училишта, локални поддржувачи, спортски клубови, невладени организации и научници од Институтот за биологија и геологија од Универзитетот во Скопје.

Излези и ти, собери го отпадот од твојата околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!

Судбината на штипската болница ќе се знае во октомври/ноември – министерството подготвува документација
Локалните радиостаници во Македонија пред голем предизвик