Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, го прокоментира фактот дека славниот фудбалер не беше во стартниот тим на Португалија против Швајцарија, откривајќи дека тоа не го прифатила лесно.
По играта на Португалија против Јужна Кореја и лутата реакција на Роналдо поради замената, фудбалерот доби „одговор“ од својот менаџер Фернандо Сантош.
Имено, неговото име не се најде во стартниот состав за мечот против Швајцарија, за што сега се огласи и вереницата на Роналдо, Георгина.
Таа на социјалните мрежи изрази поддршка за својот партнер, велејќи дека е штета што гледачите ширум светот не можат да уживаат додека го гледаат Роналдо од почеток до крај.
“Честитки за Португалија. Кога 11-те играчи ја пееја химната, сите погледи беа вперени во нив. Штета беше да не може да се ужива во следење на најдобриот играч на светот цели 90 минути. Навивачите не престанаа да те бодрат и да го изввикуваат твоето име“, напиша Георгина, означувајќи го Роналдо на фотографијата.
На крајот истакна дека се надева дека „Бог и Фернандо ќе продолжат рака под рака“.
Иако беше на клупата, Роналдо сепак беше во центарот на вниманието и секој негов потег беше посебно следен. Од друга страна, ниту Георгина не остана незабележана кога пристигна на стадионот.
Инстаграм го реши проблемот,Роналдо загуби 3 милиони следбеници
Облечена во елегантно издание и без навивачки обележја, таа пристигна во придружба на асистенти кои со помош на мини-рефлектори ја фотографираа за социјалните мрежи додека подготвено позираше.
Португалија ја исфрли Швајцарија од Мундијалот со 6-1 и оваа сабота ќе се соочи со Мароко за пласман во полуфиналето.